Рускиот конзулат во Њујорк препорача руските државјани во САД што е можно побрзо да се вратат во Русија „бидејќи постои можност САД да го затворат својот воздушен простор поради брзото ширење на коронавирусот во земјата“.

Летовите меѓу САД и Русија од 29 март ќе се реализираат само преку Њујорк.

„Авиокомпанијата Аерофлот по 29 март ќе лета само од Њујорк. Поради брзото распространување на коронавирусот, постои закана американските власти да го затворат воздушниот простор на САД. Затоа препорачуваме руските државјани да ги искористат тие летови за брзо враќање во Русија“, се вели во известување на конзулатот објавено денеска на Фејсбук.

Конзулатот посочува дека во моментов се реализира евакуација на Русите, но само од тие земји кои ги прекинале регуларните летови со Русија.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2020 21:53