Новиот договор на дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Килини е само прашање на формалности, велат од „Газета дело Спорт“.

Клубот, исто така, е во преговори со Џанлуиџи Буфон и Леонардо Бонучи.

Договорите на Буфон и Киелини истекуваат ова лето, а изданието веќе објави дека голманот се согласил да остане во тимот најмалку уште една сезона. Сега и за дефанзивецот доаѓаат исти информации.

Тој скина лигаменти на почетокот на сезоната, откако се врати во игра непосредно пред паузата во првенството поради пандемијата од коронавирус.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2020 22:47