Советниците на американскиот претседател Доналд Трамп ќе му претстават нови препораки во текот на викендот за борба против новиот коронавирус и за „заживување“ на американската економија, најави синоќа потпретседателот Мајк Пенс.
– Ќе му претставиме ово викенд серија препораки и … дополнителни насоки на претседателот за напредување, рече Пенс. Тој додаде дека претседателот јасно ставил до знаење дека сака да ја „отвори земјата и дека ќе го стори тоа одговорно“.
Трамп со денови врши притисок за повторно покренување на економијата, и покрај зголемениот број случаи на заразени со новиот коронавирус во САД, кои, во четвртокот се зголемија на најмалку 81.378, што е највисоко во држава во светот, зад Кина и Италија.
Трамп, кој е затворен во Белата куќа речиси две и пол недели откако се откажани политичките собири и патувања, најави планови в сабота да го посети Норфолк, Вирџинија, за да го испрати болничкиот брод USNS Comfort на пловидба кон Њујорк.