Британскиот премиер Борис Џонсон е позитивен на коронавирусот, јави Би-Би-Си, а тој го потврди истото и на својот профил на Твитер.
Џонсон засега има благи симптоми.
– Имам треска и кашлица. По совет на лекар, се тестирав и сум позитивен. Јас сум во самоизолација, работам од дома и сум во постојана комуникација со моите колеги во борбата против коронавирусот. Не грижете се, ова ќе го победиме заедно. Само останете дома и помогнете им на нашите прекрасни лекари , рече Џонсон во снимката што ја објави на Твитер.
Тој се наоѓа во Даунинг стрит и британската Влада објави дека тој ќе продолжи да ја води владата, без оглед на позитивниот тест.