Преземените рестриктивни мерки низ светот во врска со борбата против новиот коронавирус ја зголемуваат опасноста од семејно насилство, изјави специјалниот известувач на ОН за насилство врз жените, Дубравка Шимоновиќ.

– Голема е веројатноста да се зголеми семејното насилство. За многу жени и деца домот може да биде место, во кое владее стравот и каде со нив се однесуваат сурово. Оваа состојба се продлабочува за време на изолација и целосен карантин, воведени поради Ковид-19, истакна Шимоновиќ.

Според неа, државите треба да преземат соодветни мерки за да им се помогне на жените, жртви на семејно насилство за време на карантинот.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/03/2020 16:57