Бројот на луѓе во Австрија кои поради пандемијата на коронавирусот останаа без работа се искачи на 170.800, соопшти Службата за вработување.

Во текот на вчерашниот ден бројот на невработени изнесуваше 163.200 лица.

Од 16 март, кога стапија на сила мерките за ограничено движење, голем број фирми од секторот за услужни дејности мораше да бидат затворени.

Највисок пораст на невработеноста е забележан во гастрономијата со отпуштени 56.200 лица, по што следи градежништвото со 20.800 отпуштени.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/03/2020 21:23