Францускиот премиер Едуар Филип соопшти дека мерките за ограничено движење ќе бидат продолжени до 15 април, јави дописникот на МИА.

По десет дена ограничено движење за Французите, „јасно е дека ние сме на почетокот на бранот од епидемијата“, објасни Едуар Филип. Тој притоа подвлече дека ќе продолжат да се спроведуваат истите мерки, како и досега.

Во случај ако „здравствената ситуација тоа го побара, може повторно да бидат продолжени овие мерки, додаде францускиот премиер.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/03/2020 21:28