Стопанската комора на Македонија соопшти дека активно комуницира со Стопанската комора на Србија во врска со информациите дека има застој во транспортот на камиони на српско-македонска граница.

Комората ги информира компаниите и дека Советот на министри на Босна и Херцеговина донесе одлука со која определи гранични премини за влез и излез на стоки кои транзитираат низ таа држава. Деталите за таа одлука компаниите можат да ги најдат на интернет страницата на Стопанската комора.

-Еден од приоритетите на Стопанската комора на Македонија во постојниот период е обезбедување проодност на коридорите за транспорт на стоки. Така, во врска со информациите за застој во транспортот на камиони на српско-македонска граница, Комората е активно вклучена во комуникација со Стопанската комора на Србија, и заедно со Владата на Република Србија се работи на отстранување на пречките, наведува Комората.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/03/2020 21:51