Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша и честита на Македонија за членството во НАТО.

Во објава на Фесјбук, Баша пишува дека ова е задоцнет процес, но целосно заслужено достигнување.

-Чувствувам големо задоволство срдечно да му честитам на нашиот сосед, државните авторитети, на нашите браќа и сестри, на сите граѓани на Македонија и да им посакам добредојде во семејството на Северно атланската алијанса. Без сомнение, ова е одложен процес, но целосно заслужено достигнување, исторски настан за Македонија и од големо геостратегиско значење за НАТО, што ќе послужи како дополнителна вредност за мирот, безбедноста, стабилноста и благосостојбата на нашиот регион, напиша Баша.

Додава дека верува оти Алијансата треба да ги обедини и другите земји од регионот.

-Посакувам и силно верувам дека набрзо на нашата алијанса ќе и се приклучат и другите земји од регионот и оти успешната политика на проширување на НАТО во регионот ќе послужи како пример за членство на нашите земји, врз основа на заслуги, во Европската унија,напиша Баша на Фејсбук.

Албанија беше меѓу првите земји чиј Парламент, едногласно, во февруари минатата година, го ратификува пристапниот протокол за членство на Македонија во НАТО.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2020 11:48