Фудбалските клубови Џенова, на капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев и Наполи, на Елиф Елмас, се меѓу четирите клуба во Серија А кои сè уште не исплатиле плати за февруари. Останатите две екипи се Торино и Сампдорија.

Фудбалската сезона во Италија е во прекин веќе две недели поради пандемијата на коронавирус. Од таа причина е крајно неизвесно и продолжението на првенството, нема приходи од продажба на влезници, од ТВ права и јасно е дека клубовите малку потешко ќе ја пребродат ситуацијата.

Дел од клубовите успеаја да постигнат договор со играчите за намалување на платите. Меѓу нив и италијанскиот првак Јувентус кој по тој основ ќе заштеди огромна количина на финансиски средства.

Не е исклучена можноста и Џенова, Сампдорија, Торино и Наполи да го следат примерот на Јувентус и да исплатат помал износ на пари за да можат да заштедат за месеците што доаѓаат.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/03/2020 17:06