Поранешниот советник во Министерството за финансии Бранимир Јовановиќ во гостување на Телевизија Телма истакна дека највисоката плата во државава е 250 илјади месечно,а има и 250 лица кои земаат плата над 10.000 евра.

– За каква солидарност зборуваме ако на нив ништо не им правите, а им кратите плата на оние коишто имаат 400 евра. Имате фирми во оваа држава што имаат добивка од стотици милиони евра, на нив ништо не им правите. Имате околу 200 фирми во државава коишто имаат нето добивки, значи после даноци од преку еден милион евра и на нив ништо не им правите, дури некои од нив и профитираат и во оваа криза и на нив ништо не им правите, а им земате пари на работниците. Значи, толку за солидарноста и праведноста, потенцира Јовановиќ.

Министерката за финансии, посочи тој, кажува дека ќе се обезбедат 600 милиони евра задолжување од надвор, а сега со ваква мерка се обезбедуваат дополнителни 30-40 милиони евра.

– Викате дека тоа мора да се обезбеди. Ситница е тоа, 30-40 милиони евра нема ништо да направат во оваа криза. Затоа, смешно е да се каже дека е неопходно да се кратат платите на администрацијата, потенцира Јовановиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/03/2020 02:30