Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе предлози за издавање казнени налози за 20 лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

– Обвинетите не ги почитувале одлуките на Владата на Република Македонија за забрана и посебен режим на движење со кои се забранува движење на населението. Тие во одделни настани биле затекнати како одат пеш или патуваат со патнички моторни возила, со што го сториле кривичното дело кое им се става на товар, соопшти Јавното обвинителство.

Обвинителството му предложи на судот за секој од обвинетите да изрече парична казна од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2020 17:34