Перу почна да спроведува нови строги мерки за да го спречи ширењето на коронавирусот, ограничувајќи го движењето на јавноста кај машкиот и женскиот пол.

Мажите можат да ги напуштат домовите во понеделник, среда и петок, а жените можат да го сторат тоа во вторник, четврток и сабота, додека во неделите не им е дозволено да ги напуштат домовите, пренесува Би-Би-Си.

Панама воведе слични рестрикции на почетокот од неделава.

Во Перу има 1.400 потврдени случаи на заразени со коронавирус и 55 смртни случаи.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/04/2020 18:58