Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска го повтори повикот за глобален прекин на огнот, повикувајќи ги сите страни во конфликтите низ светот да го остават оружјето и да им дозволат на земјите уништени од војни да се борат со пандемијата на коронавирусот.

– Најлошото допрва доаѓа, рече Гутереш, осврнувајќи се на земјите во кои има војни, како што се Сирија, Либија и Јемен.

– Бурата Ковид-19 сега доаѓа во сите овие земји, рече генералниот секретар на ОН.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/04/2020 19:03