САД пресретнале и пренасочиле пратка заштитни маски од Кина наменета за Берлин.

Берлинските власти нарачале од еден производител на заштитни маски FFP2 и FFP 3 за интервентните сили и за персоналот за нега, пишува весникот „Тагешпигел“ прецизирајќи дека нарачката била од американска компанија која произведува во Кина.

Нарачаната стока на пат од производителот до Германија била пресретната од САД и транспортирана во таа држава.

Берлинските власти велат дека имаат доволно заштитна опрема, но пожарникарите веќе мора да користат заштитни маски со поминат рок на употреба.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/04/2020 19:23