Пандемијата на коронавирус е главна тема низ целиот свет, со оглед на тоа дека речиси нема држава каде болеста не се шири и го нарушува животот на сите жители. Затоа не изненадува што најчести зборови се коронавирус, вирус, Ковид и епидемија.

Не мина долго откако се појави болеста и споменатите поими веќе се користат толку често што станаа инспирација за имиња на новороденчиња. Брачна двојка од индискиот град Раипер реши на своите близнаци, девојче и момче, да им ги даде имињата Корона и Ковид, пренесува БГНЕС.

– Кога вработените во болницата почнаа да ги нарекуваат Корона и Ковид, ние навистина решивме да им ги дадеме тие имиња, вели 27-годишната мајка, додавајќи дека може да има промена во имињата на децата подоцна.

Овие индиски родители не се единствениот случај.

Мексиканката Ана-Марија Хозе Рафаел Гонзалез (34) била заразена со коронавирус кога родила момче и девојче на 27 март. Со оглед на околностите, таа одлучи да ги именува девојчето Корона, а момчето Вирус.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/04/2020 19:57