Претседателот на Светска банка, Дејвид Мелпес очекува дека пандемијата на новиот коронавирус ќе предизвика голема, глобална рецесија, која најтешко ќе ги погоди најсиромашните и најчувствителните земји.

– Планираме да реагираме силно со програмите за поддршка, посебно кон малите земји, објави Мелпес преку социјалната бизнис мрежа Линкедин.

Тој најави дека наскоро ќе разговара со лидерите на Етиопија, кенија и други држави.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/04/2020 10:57