Битолска млекара изврши предвремено плаќање на вкупните аконтативни обврски за данок на добивка за тековната 2020 година во висина од 15 милиони денари за како што соопштуваат, со надеж и верба дека на тој начин ќе придонесат кон ублажување на последиците од вонредната ситуацијата настаната поради пандемијата на КОВИД-19.

Битолска млекарница, воедно, донира финансиска помош на Клиничка болница – Битола за набавка на два пациент монитори, потребни за подобрување на болничките капацитети во справување со коронавирусот.

-Треба да ја покажеме нашата одговорност кон заедницата. Во овие моменти потребно е да делуваме заеднички и да покажеме единство со сите државни и општествени процеси. Во тие рамки ја ставаме и грижата за локалната заедница и реагираме соодветно за да помогнеме онаму каде има потреба. Упатуваме и апел до нашите сограѓани да се заштитат, да останат дома и да бидат безбедни, за оваа криза побрзо да помине, истакнаа од Бимилк.

Во изминатиов период Битолска млекара донираше и производи за најранливите групи граѓани во Битола кои преку Црвениот Крст Битола се распределени според потребите и евиденциите на локалната канцеларија за хуманитарна помош.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/04/2020 10:57