Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија секогаш настојува да ја одржи соработката со државните институции на највисоко ниво и високо го цени воспоставениот партнеритет со истите институции. СКСЗМ секогаш ќе придонесе да се создаде поволно опкружување за бизнисите во земјатаи за таа цел ќе реагира за сите избрзани и погрешни одлуки на Владата, како што е примерот со одлуката на Владата за ограничување на движењето во градот Куманово т.е се ограничува движењето на граѓаните почнувајќи од петок (03.04.2020) од 21:00 часот до понеделник (06.04.2020) до 05:00 часот.
Оваа одлука е неприфатлива од фактот што е донесена само неколку часа пред да почне ограничувањето на слободното движење од 21:00 часот и еден ден пред да започне викендот, со што граѓаните на Република Македонија се информираат само неколку часа порано. Оваа ситуација создава заблуда и паника кај граѓаните од таа зона, кои од недоволно снабдување со основна храна се собираат во толпа од луѓе за да ги извршат потребните набавки. Ваквата состојба го зголемува нивото на ризик од ширење на коронавирус уште повеќе, факт што е во ничиј интерес за време на овој период на пандемијата COVID19.
СКСЗМ апелира до релевантните институции за каква било слична одлука што ќе се донесе, да се известат граѓаните најмалку 48 часа пред таа да влезе во сила.
Служба за информирање,
Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија