Претседателските избори во Полска ќе се одржат во мај и покрај пандемијата на коронавирусот, изјави претседателот Анджеј Дуда за католичкиот весник „Наш дневник“.
Националистичката партија Закон и правда не се откажува од изборите на 10 мај и покрај пандемијата на Ковид-19 и затоа предложи да се воведе гласање преку пошта наместо граѓаните да одат на гласачките места.
Полибералниот коалициски партнер во Владата, партијата Договор, оценува дека е нереално да се одржат избори во планираниот термин и предлага да се одложат за 2 години.
До денеска во Полска се потврдени 3.503 случаи на Ковид-19 и 73 починати.