Дополнителниот заменик – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски бара решавање на проблемот на тутунопроизводителите, кои како што објави на својот Фејсбук профил, останаа без договори за наредната реколта.

-Она за што изминативе месеци укажував и предупредував денес за жал е реалност. Таканаречената реформа на Николовски, Димковски и Заев денес ги остави тутунарите без договори за наредната реколта. Веднаш да им се реши проблемот на тутунопроизводителите. Да се викнат откупувачите во Влада и да се договори стратегија. Тутунопроизводството не смее да замре. Илјадници семејства леб вадат од таа дејност, објави Трипуновски.

Во објавата наведува дека во услови кога цел свет очекува економска криза не смееме да дозволиме илјадници семејства во Македонија да останат без единствениот извор за живеачка.

-Доколку не знаете прашајте. Тука сме, не покажувајте суета и надменост. За народот се работиЗа Македонија се работи, пишува Трипуновски.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/04/2020 19:01