Владата донесе одлука за ограничување на извозот на економските оператори и производители на заштитни маски од државава во количина која нема да надминува 80 проценти од просечното дневно производство на заштитни маски од хартија, целулозна вата или целулозни влакна и пластични маски со текстилен филтер.

-Економските оператори и производители на заштитни маски при секој извоз на заштитни маски кон царинската декларација се должни да достават изјава од извозникот и производителот дека во секој момент во магацините односно складовите располагаат со 20 проценти од просечното дневно производство на заштитни маски, која количина е наменета исклучиво за потребите на домашниот пазар, информира владината прес-служба по седницата на Владата.

Усвоено е дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот КОВИД-19



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2020 02:11