Повеќе од 60 проценти од државните и општинските училишта во Јапонија ја продолжија работата или се подготвуваат да го сторат тоа и покрај ширењето на коронавирусот и претстојната вонредна состојба во Токио и уште шест префектури, соопшти Министерството за образование.

Околу 11 проценти од државните и општинските училишта веќе започнале со работа и ќе работат дури и во зоната на вонредна состојба.

Локалните власти велат дека заканата од заразување во училиштата не е голема. Училиштата ќе бидат затворени во Токио барем до почетокот на мај.

Премиерот Шинѕо Абе денеска се очекува да прогласи вонредна состојба во седум префектури, вклучувајќи го и Токио.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2020 10:23