Со цел укажување помош во најкритичните моменти со кои се соочува државата, Витаминка издвои буџет од 3,5 милиони денари за поголем број донации што се реализирани од почетокот на кризата со COVID-19 па досега. Донациите се во финансиски средства, набавка на средства за дезинфекција и прехранбени производи.

Најголема помош е издвоена за Министерството за здравство, каде е донирано медицинска опрема, медицински потрошен материјал, средства за дезинфекција, 1000 PCR тестови за COVID-19 во вкупна вредност 1.732.510 денари. Како одговор на потребите во дадениот момент, неопходна медицинска опрема е донирана и во Здравствениот дом Прилеп, а за вработените на Инфективната клиника во Скопје како благодарност за нивната пожртвуваност во борбата со КОВИД 19, компанијата достави пакети со прехранбени производи за сите 170 вработени, со вкупна вредност од 243.616,00 денари.

Покрај помошта упатена во клучните сектори каде што е потребна, Витаминка помогна и на ранливите групи граѓани преку донации на финансиска помош, средства или производи доделена преку невладини и хуманитарни организации. За поголема заштита и превенција од КОВИД 19, компанијата со прехранбени производи и средства за дезинфекција во вкупна вредност од 550 илјади денари ги помогна и општините Прилеп, Кавадарци и Штип.

Витаминка со својата хуманост и солидарност во овие кризни и вонредни моменти не ги заборави ни своите вработени со доделување пакет прехранбени производи.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2020 11:19