Статистиката на ТАВ Македонија покажува дека во периодот јануари-септември, најфрекфентна дестинација од скопскиот аеродром е Истанбул (до двата аеродроми Ататурк и Сабиха Гокчен), а потоа следуваат Цирих, Виена, Базел (Мулхаус), Малме и Лондон (Лутон).

Во однос на учеството на авиокомпаниите во вкупниот патнички сообраќај, Визер го превезол најголемиот број на патници во првите девет месеци со 53,5% пазарен удел, а потоа следуваат Туркиш ерлајнс со 8,7%, Аустриан ерлајнс со 6,4%, Германија флуг си 5,9% и Пегасус ерлајнс со 4,5% пазарен удел.


Македонците најчесто патуваат до Истанбул со авион, најмногу го користат Визер

И карго-сообраќајот на скопскиот аеродром во првите девет месеци годинава забележа значителен пораст од 16,6%, достигнувајќи 2.345 тони, што најмногу се должи на зголемените карго-летови за превоз на стоки на извозните компании.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2016 15:35