Одлуката за ограничување на движење на максимално две лица на цела територија на државата се однесува за движење на јавни места и јавни површини. Оваа мерка не ги опфаќа работниците од градежниот сектор при реализација на нивните работни обврски, што подразбира дека тие можат слободно да ги извршуваат своите работни задачи и својот превоз според природата на работата во рамки на работното место на начин организиран од работодавецот, појасни денеска преку соопштение Министерството за транспорт и врски.
Оттаму истакнуваат дека вработените во градежните компании кои изведуваат градежни активности, мора да се придржуваат до препораките од Комисијата за заразни болести и Главниот координативен штаб на Владата и задолжително да ги применуваат во работниот процес.
Исто така, укажуваат, градежните компании мора да го организираат работниот процес и работното место на начин да се почитуваат мерките и препораките на Комисијата за заразни болести и Главниот координативен штаб на Владата.лв