Поранешниот претседател на Еквадор, Рафаел Корија, во отсуство е осуден на осум години затвор за корупција за време на неговото 10-годишно владеење, соопшти еквадорскиот главен обвинител.

Корија, која на чело на земјата беше од 2007 до 2017 година, а сега живее во егзил во Белгија, беше еден од 18-те лица осудени во големиот судски процес за давање и примање поткупи, пренесоа француските медиуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/04/2020 01:32