Во Северна Кореја, една од ретките земји во светот што нема пријавено случаи на корона вирус, велат дека се тестираат и дека повеќе од 500 лица се ставени во карантин, изјави претставник на Светската здравствена организација за таа држава, Едвин Салвадор.

Тој додаде дека Северна Кореја има капацитет да изврши тестови за коронавирусот во националната референтна лабораторија во Пјонгјанг.

Салвадор во одговор на е-пошта до британски медиуми рече дека заклучно со 2 април, 709 лица, меѓу кои и 11 странци, биле тестирани.

„Нема извештаи за случао заразени со Ковид-19. Има 509 лица во карантин – двајца странци и 507 државјани на Северна Кореја“, наведе Салвадор.

Тој рече дека заклучно со 31 декември, 24.842 лица биле пуштени од карантин, од кои 380 биле странци.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/04/2020 09:53