Американскиот министер за одбрана Марк Еспер изјави дека ја прифатил оставката на вршителот на должноста секретар на американска морнарица Томас Модли.

Еспер додаде дека со одобрение на американскиот претседател Доналд Трамп, потсекретарот на Војската Џим Мекферсон ќе ја преземе должноста вршител на должноста секретар на морнарицата.

– Утрово ја прифатив оставката на секретарот Модли. Тој доброволно поднесе оставка и ги постави морнарицата и морнарите над себе, за да може носачот на авиони „Теодор Рузвелт “и морнарицата, како институција, да продолжат натаму”, се вели во синочешното соопштение на Еспер.

Модли вчера поднел оставка, само неколку часа откако се извини бидејќи сменетиот капетан на „Теодор Рузвелт“ го нарече „наивен или премногу глупав“. Писменото извинување следуваше откако Трамп, на прес конференција, ги нарече неговите квалификации за сменетиот капетан Брет Крозиер „груби“

Најмалку 173 морнари на носачот на авиони беа позитивни на коронавирус, а околу 2000 од 4.865 членови на екипажот одведени се од бродот на тестирање.

Кон средината на март, бродот изведуваше вежби во Јужното Кинеско Море, а претходно беше во Виетнам. На 24 март, тројца заразени морнари беа евакуирани од бродот, за неколку дена подоцна бројот на заразени морнари да се зголеми. Стравувајќи дека вирусот се шири меѓу петилјадниот екипаж, Крозиер испрати писмо од четири страници до неговите колеги во кои моли за евакуација на морнарите.. „Ширењето на болеста трае и забрзува. Ние не сме во војна, морнарите не мора да умираат“, предупреди Крозиер. Потоа Модли изјави дека Крозиер намерно го доставил писмото и до медиумите и донесе одлука тој да биде разрешен. Модли минатата недела изјави дека изгубил доверба во Крозиер поради „исклучително лошото расудување“ , нарекувајќи го „наивен или премногу глупав“.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/04/2020 11:14