Во киоск лоциран во дебарското село Могорче, синоќа во 23:30 часот е извршена тешка кражба, соопштија од Министерството за внатрешни работи, посочувајќи дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Од МВР информираа дека е стабилна безбедносната состојба на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба. Не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир и нема регистрирани сообраќајни незгоди.

– Евидентирани се 11 нови лица во самоизолација, сите во Дебар, и извршени се 61 контрола врз овие лица, соопштија од Министерството.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/04/2020 15:28