Францускиот бруто-домашен производ (БДП) е намален за околу шест отсто во првото тримесечје од 2020 година, силно погоден од епидемијата со Ковид-19, соопшти Банк де Франс, јави дописникот на МИА.
Тоа е најнеповолен резултат за едно тримесечје на француската економија од 1945 година.
Со тоа што БДП веќе се намали за 0,1 отсто во четвртото тримесечје на 2019, според најновите податоци од националниот институт за статистика ИНСЕЕ, Франција технички е во рецесија.
Според проценката на „Банкк де Франс“, активноста е помала за една третина (-32 отсто) од нормалната во текот на последната недела на март, врз основа на анкета направена меѓу 8.500 компании.
Такви лоши резултати за едно тримесечје биле регистрирани во 1968 година- БДП се намалил за 5,3 за едно тримесечје.
Во согласност со проценките на ИНСЕЕ, француската централна банка проценува дека секоја недела од мерките на ограничување, резултира со пад на 1,5 отсто на БДП на годишно ниво.