Вкупно 25 проценти од Романците заразени со новиот коронавирус се здравствени работници, соопшти денеска Федерацијата за здравствена солидарност.

Според синдикатот, стапката на инфекција кај здравствените работници е 20 пати поголема од онаа на остатокот од популацијата.

Заклучно со 7 април 2020 година, бројот на потврдени позитивни случаи на Ковид-19 кај здравствените работници е 1.087, што е 25 проценти од сите заразени Романци се здравствени работници, соопшти синдикатот.

Доцна синоќа беше соопштено и за првата жртва во редовите на медицински персонал во државата – 53-годишен вработен во Ургентен медицински центар во северниот град Суќава, каде има најмногу заразени во државата.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/04/2020 16:45