Владата на Бахреин ќе им ги плати сметки за струја и вода на сите граѓани и фирми во земјата и ќе потроши вкупно 570 милиони американски долари за плати на 100.000 работници во приватниот сектор од април до јуни, за да им помогне да ги надминат последиците од епидемијата коронавирусот.

Владата, исто така, ќе го прекине плаќањето даноци на имот и за туризам.

Иницијативата е дел од пакетот за помош на економијата во вредност од 11 милијарди американски долари, кој Владата на Бахреин го насочи за приватниот сектор со цел ублажување на економските последици од епидемијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/04/2020 16:52