Во текот на десет дена, четири членови на едно семејство во американската сојузна држава Луизијана починаа од новиот коронавирус.

Антоанет Френклин (86) од Њу Орлеанс и нејзините синови Херман Френклин Јуниор (71), Тимоти Френклин (61) и Ебтони Френклин (58) биле позитивни на Ковид-19, се разболеле речиси во исто време, и починаа во периодот од 20 и 30 март, пишува весникот „Њујорк дејли њуз“.

Во Луизијана до вчера попладне се потврдени 16.284 заразени со коронавирус и 582 смртни случаја.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2020 02:17