Светска банка во најновиот извештај за земјава наведува дека краткорочната перспектива, слично на другите земји во регионот, е негативна поради кризата поврзана со КОВИД-19, која ќе предизвика рецесија во 2020 година и дека ќе бидат потребни дополнителни фискални реформи, реформи во конкурентноста и во управувањето со јавните политики за одржливо забрзување на економскиот раст. Предвидениот раст на БДП за земјава годинава е минус 0,4 отсто, а за наредната 3,7 и во 2022 година 3,6 отсто.

– Растот во 2019 година од 3,6 проценти изненади во нагорна линија и невработеноста се намали на уште едно историско ниско како резултат на зголемувањето на вработеноста. краткорочната перспектива, слично на другите земји во регионот, е негативна поради кризата поврзана со КОВИД-19, која ќе предизвика рецесија во 2020 година. Пандемијата и мерките за ограничување на движењето ќе влијаат врз економијата како на страна на побарувачката, така и на страната на понудата. Ако епидемијата и рестриктивните мерки на национално и глобално ниво продолжат и во вториот квартал, рецесијата ќе биде потешка и ќе ги елиминира подобрувањата на пазарот на трудот од последните години и ќе ја продлабочи фискалната ранливост, стои во извештајот на Светска банка.

Според Светска банка економските и социјалните мерки за ублажување на влијанието од кризата ќе бидат приоритетни додека пандемијата не се стави под контрола, но во периодот на закрепнување по рецесијата ќе бидат потребни дополнителни фискални реформи, реформи во конкурентноста и во управувањето со јавите политики за одржливо забрзување на економскиот раст.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2020 14:08