Франција ќе ги продолжи своите строги национални карантин мерки поради епидемијата со Ковид-19 што сега се до 15 април, соопштија од Кабинетот на францускиот претседател.

-Се уште не е јасно колку долго ќе се продолжи режимот на самоизолација наметнат во средината на март, изјави претставник во Елисејската палата.

Тој додаде дека вечерта на 13 април, понеделник, Макрон ќе се обрати пред нацијата и ќе зборува за борбата против коронавирусот.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2020 14:35