Светска банка ја финализира програмата на активности за помош на земјава за справување и намалување на влијанетоод коронакризата.

Помошта, како што наведува групацијата во најновиот извештај, е околу 140 милиони евра.

– Помошта вклучува и нов брз проект како одговор на итните приоритети во здравствениот сектор, но и за заштита на приходите на домаќинствата, како и реструктуирање на веќе одобрени проекти за мобилизирање на средства за поддршка на малите и средни претпријатија. Се очекува овие програми да изнесуваат околу 140 милиони евра, стои во објавениот извештај на Светска банка.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2020 14:51