Над 100 случаи на заразени со новиот коронавирус се потврдени во дом за стари лица во Будимпешта, соопшти денеска на прес конференција шефицата на здравствената служба во Унгарија Сесилија Мулер.

Домот за нега на стари и изнемоштени лица, во сопственост на градот Будимпешта, може да прими 544 лица, покажуваат податоците објавени на веб страната на таа институција.

– Истрагата е во тек, соопшти Мулер.

– Лично ќе го посетам објектот, бидејќи сметам дека е нужно да се надгледуваат интензивните напори кои ги преземаат сите чинители за да спречиме ширење на вирусот во таа установа, дополни таа.

Мулер рече дека коронавирус е регистриран во уште еден дом за стари лица во Будимпешта, но таму бројот на заразени е едноцифрен.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2020 14:51