Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во изјава за Алфа, после скандалозната закана од поглаварот на ИВЗ дека ќе ги врати сите верници во џамија ако Владата не му даде пари, го одбрани. Нормално било да бара пари кога се финансирале само од верниците, вели Османи бранејќи го Реџепи дека не се заканувал:

Новинар: Македонија е секуларна држава, како мислите државата да финансира верска заедница?

Османи: На нив, основен извор на финансирање им се верниците..

Новинар: А на другите верски заедници кои им се основни извори на финансирање?

Османи: Не, не, за сите. Не зборам тука за една верска заедница. Прашањето е кога вие барате од некого да почитува една мерка и поради тоа има последици за вработените таму , имаат право да бараат. Така да не мислам дека треба да се драматизира доколку и они бараат минимална плата, бидејќи ако на вработените во рестораните им даваме минимална плата, заради тоа што ги принудивме да затвораат, сепак треба да се обезбеди минимум основен приход на луѓето таму. Мислам дека и е легитимно да се бара такава помош од било каква верска заедница. Но, ви велам кој ќе биде одговорот на владата зависи од тоа кои се финансиските можности-вели Бујар Османи.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2020 23:06