Коронавирусот во Њујорк за првпат се појавил во средината на февруари и дошол не од Азија, туку од Европа, јави денеска Њујорк тајмс.

Весникот се повикува на ново истражување на Медицинскиот факултет Исан во Маунт Синај во кое се вели дека мнозинство од вирусот во Њујорк е од европско потекло.

Сличен резултат добиле и истражувачи од Медицинската академија Гросман во Њујорк, кои изучувале друга група на случаи.

Двата тима на стручњаци ги анализирале генетските кодови на коронавируси земени од њујоркчани од средината на март, дознава весникот.

Њујорк е најзагорзена сојузна држава во САД каде се забележани 160 илјади заболени од Ковид-19 со над седум илјади фатални случаи. Во САД вкупниот број на заболени е над 451 илјада со над речиси 16 илјади мртви.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2020 01:06