Од италијанското пристаниште Бари,со траект кој испловил синоќа, се пренесуваат телата на 12 албански државјани, кои починале од новиот корнавирус.

Траектот ќе вплови во албанското пристаниште Драч,по што возилата со посмртните останки ќе продолжат до родните места на починатите, каде ќе бидат погребани само со неколку најблиски роднини.

„Поради состојбата со коронавирусот, во Албанија, на погребите присуствуваат само по едно до две лица најблиски роднини, а се случува доколку најблиските се во странство, погребот да помине и без присуство на роднини,како што беше случајот со неколку постари жени.

Пред два дена „ Antenna Sud “ објави неколку слики направени во пристаништето Бари од фотографот Франческо Сацент. Веста беше објавена под наслов „Коронавирус, последното патување дома“, додавајќи дека ова е „тажно враќање во нивната земја“.

„Овде во Италија најдоа работа, го остварија сонот. Од пристаништето Бари драматични слики од погребни автомобили со албански државјани жртви на пандемијата. Тие ќе „патуваат“ со траектот „Марина“ до Драч зада почиваат во татковината.

Во Италија, која е една од најпогодените земји од коронавирусот, живеат над 500.000 илјади албански граѓани. Засега нема точна бројка колку од нив се заразени и починати од опасниот вирус.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2020 16:54