Епидемијата на коронавирусот се уште не го достигна врвот во Велика Британија и поради тоа вонредните мерки не може да бидат намалени, изјави британскиот министер за здравство Мет Хенкок.

Со вчерашните 980 смртни случаи, Велика Британија ја надмина рекордната дневна смртност во Италија и достигна до речиси 9.000 починати од Ковид-19.

Премиерот Борис Џонсон се опоравува во болница по три дена поминати на интензивна нега, а од неговиот Кабинет посочуваат дека заздравувањето е на почеток.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2020 15:51