Пакистанските власти го забранија извозот на антималарични лекови за да се обезбеди доволно за лекување пациенти со Ковид-19 во државата, јави ДПА.

– Министерството за трговија воведе забрана за извоз на антималариски лекови, што стапува на сила веднаш, рече портпаролот на Министерството за здравство.

Забраната опфаќа и хидроксихлорохин, лек кој не е скап и е идентификуван од американскиот претседател Доналд Трамп како пресврт во борбата против пандемијата, иако се уште не е официјално потврден како лек за Ковид-19.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2020 21:00