Мерките на ограничување кои се на сила од пред три седмици во Монако се продолжени до 3 мај, ова како дел од борбата против епидемијата со коронавирусот, јави дописникот на МИА.

Одлуката е донесена од владата на Монако и мерките кои се на са сила се идентични со тие во соседна Франција. За нивното непочитување може да се добие казна до 200 евра.

-Во никој случај, излегувањето за да се посети некој член на семејството или на пријатели не се дозволени. Исто така не се дозволени излегувањата во природа или на бродовите, се вели во соопштението на владата на Монако.

За време на велигденскиот викенд, предвидени се засилени контроли со дронови и на границите заедно со француските власти, целта е да се намали максимално движењето во земјата.

Во Монако има вкупно 90 заболени од коронавирусот, од кои пет пациенти се излекувани. Девет се на болничко лекување, од кои четири на интензивна нега, некои од нив не се резиденти на Монако. Принцот Алберт Втори беше заразени, но и излекуван од Ковид-19.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2020 01:13