Во време на пандемија, јавноста ја пропушти информацијата дека 21 земја членка на ЕУ, Велика Британија и Норвешка покренаа нова платформа за подобра соработка со своите тајни служби, пишува Дојче Веле.
Крајот на февруари 23 европски земји воспоставија нова платформа за соработка со своите тајни служби: Разузнавачки колеџ на Европа (ИЦЕ).
Иницијативата ја поттикна францускиот претседател Емануел Макрон во еден говор на Универзитетот Сорбона во 2017 година. Неговата цел беше, кога станува збор за тајни служби Европјаните треба да станат независни од информации што пристигнуваат од САД, Русија или Кина.
Во мај 2019 година ИЦЕ беше формиран во Париз. Иако сите земји на ЕУ учествуваа, договорот на состанокот во Загрев на 26 февруари го потпишаа 21 членка и Велика Британија и Норвешка. Засега во клубот не се Бугарија, Словачка, Полска, Луксембург и Грција. Заедно со Швајцарија, како што се тврди, треба да добијат статус на флексибилно партнерство, што и да значи тоа.
Интелектуална размена место шпијунажа
Која е всушност функцијата на новата платформа се уште не е јасно. Од потпишаниот документ е јасно што не се сака. ИЦЕ не сака да биде платформа за размена на доверливи информации или заедничко планирање тајни операции. Ова не е цврста организација и нема постојано седиште, но има некој вид претседателство и контролен одбор. И ништо од тоа што оваа платформа ќе го заклучи, изјави или објави не е обврзувачки за сите. Значи има многу нејасни работи.
ИЦЕ е формирана како необврзувачка платформа каде што три пати годишно би се сретнале претставници на европските тајни служби, политичари и експерти и би разменувале мислења и искуства на конференции и семинари. Затоа, дијалогот би требало да биде помеѓу луѓе кои работат во тајните служби и оние кои ги носат политичките одлуки. Макрон во својот говор експлицитно зборуваше за потребата да се развие заеднича стратешка култура на работа на тајните служби.
Прашање на демократска контрола
ИЦЕ не е единствена европска платформа за соработка со тајни служби. Уште во 1969 е основан Клубот од Берн (Club de Berne) како место за разменување мислења на шефовите на европските тајни служби. Но во март оваа година австриски и швајцарски новинари откиле дека полето на дејствување на овој клуб е многу пошироко, откриено е дека постојат посебни бази со податоци и информатички системи во кои се чуваат голема количина на лични податоци.
Во 2019 година еден тим од Клубот ги посети просториите на австриските тајни служби и изврши контрола на безбедносните мерки. Скандалот што следеше не беше само за тоа дека Австријците не се придржувале ни до најосновните правила на заштита на тајноста, туку пред се дека Клубот од Берн не смее воопшта да презема таква контрола. Исто како и новиот ИЦЕ, ни тој нема правна форма, ниту законски основи, а како аморфно наднационално тело не поседува ни каква било демократска контрола. Од таму клубот нема никакви овластувања да проверува простории на национални тајни служби.
Слично е и со таканаречената антитерористичка база на податоци од Клубот од Берн. Нивните информации, што се барем делумно складирани во Холандија, се ставени да ги користат американските и израелските тајни служби, кои се често „набљудувачи“ на состаноците на Клубот од Берн.
Тајните служби се повеќе соработуваат
Во ЕУ постојат и службени форми на соработка на тајните служби. Покрај полициската служба Европол, од 2003 година постои и Известувачки центар за анализа (ИНЦТЕН) што е во зависност од надворешната служба на ЕУ. Тоа не е некоја „европска тајна служба“ како што често се пишува, туку е рамка во која се разменуваат и анализираат информации на одредени национални служби, па тие анализи потоа се испраќаат во европските институции. Со оглед на тоа дека во европските договори им е одредено на земјите членки да се занимаваат со прашањата за безбедност, мала е веројатноста дека во блиска иднина ќе биде формирана заедничка европска тајна служба.
Надвор од ЕУ, европските тајни служби соработуваат и со НАТО, а англосаксонските земји САД, Велика Британија, Канада, Австралија и Нов Зеланд соработуваат во надгледување на телекомуникациите ширум светот во рамките на
Таканаречениот сојуз УКУСА, е познат и под имет „Пет очи“ и е основан од 1946 година.
Како во ова ќе се вклопи новата европска платформа ИЦЕ, допрва треба да се види. Тоа пред се ќе зависи од одговорот на прашањата што секогаш ги следат таквите иницијативи. Колку е вистинска меѓусебната доверба на одредени земји и нивните тајни служби? Што можат малите земји да понудат на големите земји? И секако кој воопшто контролира и легитимира таква платформа?
Неодамнешни откритија во врска со активностите на Клубот од Берн покажуваат колку е важно да се одговори на овие прашања. Но, одговори нема, земјите и нивните тајни служби што се вмешани во тој случај, за сега молчат за се.
Дојче Веле, Бон