По паузата од неколку недели поради епидемија од коронавирус во земјата, Врховниот суд на САД ќе започне со работа, но судските рочишта ќе ги изведува преку конференциска врска, јавија од Судот денеска.
Во првата половина на мај, Судот има намера да претресе десет случаи, преку „телефонска конференција“, што значи ќе има само тон без слика.
-Аудиото ќе биде споделено со медиумите, се вели во соопштението.
Меѓу овие случаи се и три високо-профилни случаи, како оној дали претседателот Доналд Трамп има право да не открива лични и бизнис финансиски податоци, како даночни пријави, кои засега остануваат затворени за неколку истраги на конгресни и државни обвинители.