Како замена за билетот од 500.000 долари за патување до Марс, НАСА сега нуди можност виртуелно „да отидете“ на „Црвената Планета“, што е на околу 80 милиони километри од Земјата.

Извршниот директор на Спејс-Икс, Илон Маск, кој има намера да го колонизира Марс, изјави дека билетот за до нашата соседна планета може да чини и под 500.000 долари, т.е. оваа бројка да падне и до 100.000 долари со тек на времето. Но, НАСА има попривлечна понуда за оние што не сакаат да чекаат… Станува збор за симулатор за поглед на површината на Марс од сондата Кјуриосити.

Американската Национална воздухопловно-вселенска агенција го нуди тоа преку интернет. А квалитетот зависи од компјутерот или таблетот.

Со тој симулатор може да се движите по Марс и да ги видите досега откриените делови од таа планета. Овие виртуелни прошетки се бесплатни.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2020 01:05