Изолацијата со семејството најчесто ги зближува луѓето со своите домашни. Но, за некои, сето тоа време дома минато со сопружникот/ сопружничката, е предолго, па некаде се појавуваат и опасности и стравувања од развод.

Така, една јапонска фирма дојде на идеја – изнајмување празни станови заради „кратко бегство“ од домашниот стрес додека сѐ уште трае епидемијата и физичката изолација.

„Ве молиме консултирајте се со нас, пред да помислите за ’коронавирусен развод’,“ гласи рекламата на фирмата „Касоку” во Токио.

Јапонската Влада објави вонредна состојба во седум покраини во земјата. Училиштата се затворени и многу луѓе работат од дома. Мерките не вклучуваат забрана за излегување надвор, но се препорачува луѓето да се воздржат од непотребно движење.

Цената за престој во таков стан, е 4.400 јени (38 евра) на ден. Услугата вклучува и бесплатна 30-минутна правна помош околу евентуалниот развод.

Меѓу оние кои веќе побарале услуга и помош, има и можни жртви на домашно насилство.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/04/2020 00:37