Истражување спроведено на голем примерок покажа дека 71 процент од Американците немаат во план веднаш да излезат од карантин, дури и доколку федералната влада објави дека карантинот е укинат.

Според анкетата на Галуп, само 19 проценти од граѓаните веднаш би продолжиле со нормален живот, а десет проценти би чекале до следно известување.

Истражувањето е спроведено откако Доналд Трамп најави дека до 1 мај се очекува отварање на економијата, што е во криза речиси индентична на онаа ос триесеттите години на минатиот век. Трамп претходно соопшти дека не смее да дозволи решавањето на кризата да биде поголем проблем од самата криза и дека ќе стори се што е потребно земјата да се врати во нормала.

САД е најтешко погодена земја со повеќе од 640.000 заразени и околу 29.000 починати.

Во карантин е околу 96 проценти од населението на САД, а 29 проценти од економијата е затворена поради што речиси 17 милиони луѓе останаа без работа за само три недели. Во овој период е избришан цел економски раст што земјата го остваруваше во минатите десет години.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/04/2020 12:48