За време на вонредната состојба во Њујорк, семејство од Перу во Менхетн купи осум луксузни станови во една зграда, за 27 милиони долари.

Поради корона-кризата и падот на цената на недвижностите, купувачот заштедил повеќе од два милиона долари. Марија Веласкез, агентка на семејството, рече дека тие добиле седум отсто попуст на цената, меѓу другото, и затоа што купиле поголем број станови.

– Целиот договор и трансакцијата беа завршени за еден ден, нагласи Веласкез.

Семејството, кое сака да остане неименувано, сакајќи да ги задржи своите пари безбедни за време на епидемијата, но и неверувајќи им на банките, решило да инвестира во станови. Апартманите што ги купиле зафаќаат површина од 1.000 квадратни метри и имаат една до три спални соби.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/04/2020 15:33